Хасани: Можевме и до поубедлив триумф со Силекс, но секако сме задоволни

Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани не го криеше задоволството по првата пролетна победа на стартот од вториот дел од шампионатот. Македонскиот репрезентативец вели дека можело да се забележи и поубедлива победа против Силекс од онаа од 2-0, ако и самиот не промашеше и пенал во второто полувреме, но во тимот секако се задоволни од пролетниот старт.

„Запишавме значајна победа. Можевме да стигниме и до поубедлив триумф, но секако сме задоволни. Знаевме дека Силекс е цврст противник кој тешко прима, но постигнавме погодок во вистински момент пред крајот на полувремето, и потоа беше полесно во вториот дел“ – вели Хасани.

Слично е размислувањето и на тренерот Томас Брдариќ, кој со победа дебитираше на клупата на Шкендија…

„Горд сум на тимот и начинот на кој се стигна до победата која можеше да биде и поубедлива. Задоволен сум од прикажаното издание, но и од целокупниот амбиент во Тетово и поддршката која фудбалерите ја имаа од трибините“ – рече Брдариќ.

Се вчитува...