Хасани погоди од пенал за Хелсинки

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани беше стрелец за Хелсинки во денешниот триумф (3-0) во градската пресметка против ХИФК. Со овој триумф Хелсинки го задржа првото место на табелата во елитата на Финска со 44 бода, три повеќе од второпласираниот Купс.

Хасани беше стрелец од пенал во 85.минута од мечот. Покрај него, за Хелсинки погодија и Тим Ваиринен и Ропе Риски.

Се вчитува...