Хасани повторно стрелец за Хелсинки

Поранешниот капитен на Шкендија, Ферхан Хасани ја пронаоѓа полека вистинската форма во дресот на финскиот прволигаш Хелсинки.

Во третиот натпревар за Хелсинки сезонава Хасани го постигна и својот втор погодок, носејќи реми (1-1) за својот тим на гостувањето против Хонка во Купот на Финска. Хонка поведе со гол од пенал во 51. минута, а Хасани три минути подоцна ги постави конечните 1-1.

Ова е прв од трите досегашни натпревари на кои Ферхан Хасани стартуваше од првата минута.

Се вчитува...