Хасани во финални преговори за трансфер во Кашимпаша!?

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани конечно е пред затворање на прашањето околу продолжување на својата кариера. По крајот на соработката со Шкендија, долг период Хасани е без реализиран трансфер откако пропаднаа преговорите со турскиот суперлигаш Ризеспор.

Но, како што пренесуваат турските медиуми, очигледно ќе се случи конечно преселба на Хасани во турската Суперлига. Според последните информации, македонскиот фудбалер е во финални преговори за преселба во редовите на тимот од Истанбул, Кашимпаша.

Интересот на овој клуб за Хасани постои веќе долго време. Преговорите течеа уште и на почетокот од минатиот месец, а сега се чини привршуваат пред финална реализација на трансферот. Кашимпаша минатата сезона ја заврши на 8. место во турската Супер лига.

Деновиве, како што пишуваат Турците, понуда до Ферхан Хасани испратил и новиот суперлигаш Малатијаспор, но сепак понудата од Кашимпаша е финансиски далеку поповолна.

Се вчитува...