Хаселбенк: Лидс е многу поголем клуб од Манчестер Сити

Поранешниот холандски фудбалер Џими Флојд Хаселбенк ја возбуди англиската фудбалска јавност со ставот дека Лидс Јунајтед е многу поголем клуб на Островот од Манчестер Сити. Тимот од „Еланд Роуд“ по цели 16 години обезбеди враќање во Премиер – лигата и Хаселбенк е среќен поради тоа, со оглед дека го носеше дресот на Лидс од 1997 до 1999 година.


„Луѓето треба да бидат горди поради клубот. Повторно е во елитата. Лидс е единствениот голем клуб во Јоркшир. Погледнете го Лондон, има многу големи клубови, Манчестер ги има Сити и Јунајтед, а Ливерпул ги има Ливерпул и Евертон. Лидс го има само Лидс и кој е роден таму е навивач на овој клуб до смрт. Лидс е многу поголем клуб од Манчестер Сити. Атмосферата е неверојатна и навивачите се луди за клубот“, изјави Џими Флојд Хаселбенк.

Лидс Јунајтед има три шампионски титули во историјата, а последната ја освои во длаечната 1992 година. Во сегашниот состав настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој даде полн придонес во освојување на титулата во Чемпионшип – дивизијата и враќањето во Премиер – лигата.

Се вчитува...