Хау: Не можам да го натерам Исак да тренира, оваа ситуација носи немир во нашиот тим

Тренерот на Њукасл, Еди Хау откри дека Александар Исак не тренира со тимот, во очекување на трансфер во Ливерпул во следниот период. Претходно беше објавено дека играчот одбива да тренира и по секоја цена бара трансфер.

Хау изјави дека и натаму е дел од клубот, но и дека ситуацијата е хаотична и вознемирувачка за клубот и за сите играчи.

„Тој е во клубот, и дел од овој тим. Секој кој што е поврзан со Њукасл сакаме да го видиме назад во тимот. Но, мора да се воспостават услови за да се случи тоа. Има договор со нас, и се додека е така, ние сметаме на него. Разговаравме за ситуацијата, не можеме со сила да го вклучиме во работата на нашиот тим. И да бидам искрен, не знам колку ќе трае сето ова. Мислам дека сево ова носи немир во нашиот тим. Секогаш кога играч ќе се најде во ваква ситуација, тоа го загрижува тимот. Не сме биле во ваква позиција откако сум јас тренер на Њукасл. Пред оваа ситуација, хармонијата и кохезијата беше одлична. Морам да им дадам пофалби на другите играчи затоа што продолжуваат да работат, и тоа на високо ниво. Не видов никакви непријатности на теренот, но чувствувам дека таа ситуација не им оди во прилог“, рече Хау.

Се вчитува...