Њукасл Јунајтед се наоѓа во серија во три порази во низа во Премиерлигата со што амбициите на клубот за излез на интернационалната сцена за следната сезона драстично се намалија.
„Црно-белите“ сега ги очекува новото тешко гостување кај Тотенхен, натпревар од кој може да зависи и иднината на Еди Хау на клупата на Њукасл Јунајтед.
„Немам дилема дека јас сум вистинскиот човек за овој ангажман и затоа сум тука. Никогаш нема да се ставам себе си пред клубот бидејќи клубот е најбитниот во оваа ситуација. Од моја перспектива, мислам дека ги имам квалитетите и сум вистинскиот човек за задачата, да дадам знаење и да им помогнам на играчите“, изјави Хау пред натпреварот во Лондон притоа додавајќи дека ако треба и ќе си даде отказ.
„Ако не мислев дека сум вистинскиот човек да го водам клубот напред и да им дадам на овие играчи тоа што им треба, тогаш ќе си дадам отказ и ќе му дадам можност на некој друг да го направи тоа. Во моментот, моментумот е против нас. Мораме да се вратиме. За само неколку натпревари светот може да биде сосема различен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

