Хаверц донесе нови три бода за Леверкузен (ВИДЕО)

Баер Леверкузен го совлада Фрајбург нагости со минимални 0-1 во премиерниот натпревар од 29. коло во германската Бундес-лига. Клучниот момент во натпреварот се случи во 54. минута кога одличниот Кај Хаверц повторно донесе значајни три бода за „фармацевтите“.

Со оваа победа Леверкузен се искачи на третата позиција на првенствената табела со 56 бода, додека Фрајбург останува осми со 38 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...