Хаверц промаши па погоди пенал – Челси преку Борусија Д. до четвртфинале во ЛШ, Бенфика со „петарда“ за Бриж (ВИДЕО)

Челси се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако триумфираше со 2-0 против Борусија Дортмунд на „Стемфорд бриџ“, сосема доволно по поразот од само 0-1 на првиот натпревар во Дортмунд.

„Сините“ обезбедија место меѓу осумте најдобри во Европа, најавувајќи ја денешната победа со голот на Стирлинг во 43. минута.

Конечните 2-0 доволни за четвртфинале ги постави Хаверц во 53. минута од пенал.Интересно Хаверц претходно го промаши пеналот, односно го погоди дирекот од голот на Борусија Дортмунд, но истиот повторно беше изведуван откако главниот судија оцени дека голем број играчи влетале предвреме во шеснаесетникот на домашните. Вториот пат Хаверц не погреши.

Бенфика, пак, сосема очекувано си обезбеди место во четвртфиналето откако и на вториот натпревар славеше против Бриж сега убедливо со 5-1 на домашен терен. Португалците триумфираа со 0-2 и на гостувањето во Белгија, па со вкупни 7-1 продолжуваат понатаму.

Два гола постигна Рамос за Бенфика, а по еден Рафа Силва, Жоао Марио и Нерес за победата во која Бриж запиша почесен погодок Мејер во 87. минута за конечни 5-1.

Се вчитува...