Хејнкес: Бевме подобри во двомечот, но не обезбедивме финале

Баерн Минхен доживеа елиминација во полуфиналето на Лигата на шампионите, иако според прикажаните игри на двата меча со Реал Мадрид, можеби и не го заслужи тоа. Тренерот Јуп Хејнкес е разочаран затоа што малку недостигаше за германскиот првак да биде дел од големото финале.

„Ако го погледнеме двомечот со Реал Мадрид, мислам дека бевме подобар тим. Но, не обезбедивме пласман во финалето и тоа секако е разочарувачки за нас. Што се однесува до вечерашниот дуел, и двете екипи одиграа квалитетно, а мислам дека пресуди одличниот голман Кејлор Навас. Тој одбрани неколку круцијални удари во завршницата од мечот“, изјави тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес.

Се вчитува...