Хејнкес го „изгланца“ Баерн Минхен

Јуп Хејнкес седна на клупата на Баерн Минхен и тимот веднаш да игра по негови ноти. Настрада Фрајбург кој загуби со убедливи 5-0 на „Алијанц арена“. Во осмата минута, Шустер си постигна автогол, а пред крајот на првиот дел Коман зголеми на 2-0. Во второто полувреме, Тијаго Алкантара, Роберт Левандовски и Џошуа Кимих ја дозавршија работата за убедлив триумф на баварскиот тим.

Шалке славеше со 0-2 на гости во Берлин против Херта. Горецка од пенал и Бургшталер беа стрелци за составот од Гелзенкирхен.

Резултати Германија: Мајнц – Хамбургер 3-2, Баерн Минхен – Фрајбург 5-0, Хановер – Ајнтрахт Ф. 1-2, Херта – Шалке 0-2, Хофенхајм – Аугсбург 2-2.

Се вчитува...