Хејнкес го смисли првиот потег, да го врати Томас Милер во врвна форма

Новиот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, кој во минатото освои тројна круна со баварскиот клуб, а се врати на клупата како наследник на Карло Анчелоти, го смисли првиот потег, со кој треба да го врати мирот, но и да донесе подобри игри во наредниот период. Тој ќе го врати германскиот репрезентативец Томас Милер во првиот состав и ќе му даде комплетна слобода во играта, надевајќи се дека тој повторно ќе заигра како некогаш, сега во тандем со Роберт Левандовски.

Во периодот кога Јуп Хејнкес го водеше Баерн Минхен, Томас Милер беше извонреден, но во изминатиот период играше очајно лошо, па Анчелоти го седна и на клупата за резерви.

„Томас Милер е фудбалер со неверојатен капацитет. Ако му дадете голема слобода во играта, тој ќе ви возврати со одлични партии. Верувам во тоа“, изјави Јуп Хејнкес.

Самиот Томас Милер верува дека Баерн Минхен во наредниот период ќе заигра многу подобро и ќе се врати на првата позиција на табелата во Бундес-лигата.

„Хејнкес се уште ја има таа препознатлива енергија, иако сега има 71 година. Но, веднаш направи неколку силни тренинзи, тоа што ни беше потребно. Сега целиот тим се чувствува многу поинаку, но ќе треба тоа да го покажеме со своите игри во наредниот период. Верувам дека многу брзо ќе се вратиме на водечката позиција на табелата во германскиот шампионат“, изјави Томас Милер.

Баерн Минхен во моментот има пет бода негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд по седум одиграни кола во Бундес-лигата, а в сабота на домашен терен го пречекува Фрајбург.

Се вчитува...