Хејнкес: Јувентус покажа дека Реал е ранлив во Мадрид

Баерн Минхен верува дека може да возврати најмалку со иста мера и да го елиминира Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на утрешниот реванш полуфинален меч од Лигата на шампионите. По првиот дуел во Минхен, „кралевите“ обезбедија предност, но тренерот на германскиот првак Јуп Хејнкес верува дека Баерн Минхен може да блесне во претстојните 90 минути.

„Јувентус покажа дека Реал е ранлив во Мадрид. Мојот тим знае како да одговори и способен е за големи дострели. Мораме да бидеме многу поефикасни на утрешниот реванш доколку сакаме да се надеваме на пласман во финалето. Имаме шанси, иако предноста на Реал Мадрид воопшто не е наивна“, изјави Јуп Хејнкес.

 

Се вчитува...