Хејнкес: Лирој Сане е преценет фудбалер

Германскиот првак Баерн Минхен се подготвува за трансфер на Лирој Сане од Манчестер Сити, а поранешниот тренер на клубот Јуп Хејнкес нема некое посебно мислење за репрезентативецот на Германија кој се враќа по сериозна повреда на коленото. Според него, Баерн Минхен ќе преземе значителен ризик доколку го доведе Сане по завршувањето на сезоната.

„За мене тој се уште не е фудбалер од врвна класа. Мислам дека фудбалерот е на крстопат и треба се уште да се докажува. Баерн Минхен ќе преземе ризик доколку го доведе за сумата што се споменува во јавноста“, изјави Јуп Хејнкес.

Баерн Минхен минатото лето понуди 100 милиони евра за Лирој Сане, трансферот беше пред реализација, но тој заработи сериозна повреда во претсезоната. Преговорите сега повторно се актуелизирани.

 

 

Се вчитува...