Хејнкес: Ништо не сум потпишал со Баерн, морам добро да размислам

Јуп Хејнкес е изборот на раководството на Баерн за нов шеф на стручниот штаб на баварскиот гигант, но искусниот стратег се уште ја нема прифатено понудата добиена од страна на раководството на минхенскиот клуб. Хејнкес потврди дека имал средба со Ули Хенес, Карлхајнц Румениге и со Хасан Салихамиџиќ, но и дека треба добро да размисли пред да ја донесе конечната одлука околу евентуалниот камбек на „Алијанц арена“, од каде си замина во 2013 година по освојување на тројната круна.

„Ме прашаа дали сакам да седнам на клупата до јуни 2018 година. Разговаравме за многу работи, но ништо не е договорено. Морам добро да размислам, четири години не сум во фудбалскиот свет, од моето заминување од Баерн многу работи во фудбалот се променија“ – истакна Хејнкес за германските медиуми.

Со оглед на челичната дисциплина на која инсистира 72-годишниот стратег, баварците се надеваат дека тој ќе прифати да се врати на клупата и да внесе ред меѓу размазените „ѕвезди“ на Баерн.

Се вчитува...