Хеле Томсен ја напушта селекторската функција во Холандија

Женската ракометна репрезентација на Холандија освои бронза на ЕП во Франција и неколку недели потоа, останува без селектор. По освојувањето на бронзениот медал, Норвежанската Хеле Томсен и се заблагодари на Холандија и соопшти дека нема да остане на клупата по истекот на договорот во јануари.

Томсен причините за отказот ги објасни со нејзините високи амбиции.

Многу сум среќна и горда на она што го постигнавме заедно. Всушност, станува збор за тоа да се биде премногу амбициозен и ориентиран кон целта. Сакам да оптимизирам на сите фронтови за да постигнам поголеми цели со тимот“ – изјави Хеле Томсен.

На клупата на Холандија, Томсен дојде во 2016 година и истата година освои сребро на ЕП во Шведска, следната година Хопландија беше бронзена на СП 2017, а на третото место заврши и на годинашното ЕП во Франција.

Томсен ја продолжува кариерата како тренер на норвешкиот клуб Молде.

Се вчитува...