Хемпе: Ми се допаѓа Македонија и соиграчките одлично ме примија, ќе се обидам да одиграм најдобро

Македонската женска кошаркарска репрезентација квалификациските натпревари за пласман на Евробаскетот 2023 ги продолжува со гостување во Белгија (24.11) и натпревар против Германија (27.11) на домашен терен во СРЦ „Кале“.

За овие натпревари селекторот Александар Ашаданов ќе може да смета на услугите на Мерит Хемпе, Американката која дебитира во националниот дрес. Таа вели дека првите впечатоци се добри и навистина и се допаѓа Македонија, a ќе даде се од себе за претставување во најдобро можно светло.

„Моите први впечатоци се добри, ми се допаѓа тимот и како ме пречекаа и ме примија сите. Уживам во времето, а очекувањата се да се вклопам во тимот и да помогнам што е можно повеќе, без разлика на мојата позиција. Сакам да се игра силно и физички, да помогнам за подобри резултати. Лесно се најдов себеси овде и среќна сум што сум тука“, вели Хемпе која продолжува

„Можам да кажам дека навистина ми се допаѓа Македонија, и сакам да изразам благодарност за можноста да бидам овде. Ќе дебитирам против Белгија, ќе се обидам да возвратам со добра партија во текот на сите 40 минути, и се надевам дека ќе бидеме компетитивни. Пријателка сум со Антониа Делар, играв со неа во претходната година. Исто така и со Серене-Лин Гелдоф. Ќе биде убаво што пак ќе ги видам, но и да се натпреварувам“

Се вчитува...