Хендерсон: Среќни сме, ама и тажни…Два гола на крајот, не ни требаше тоа!

Ливерпул обезбеди предност од 5-2 против Рома во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите што се одигра вечерва на „Енфилд роуд“. Тоа секако е одличен резултат, но англискиот тим може да жали затоа што во самиот финиш прими два гола. Тоа ја врати надежта на Рома дека може да стигне до финалето во Киев, доколку одигра совршен реванш на „Олимпико“ во Рим.

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, по дуелот со измешани емоции.

„Среќни сме, ама и тажни. Разочарани сме поради двата гола што ги примивме на крајот. Чувствувавме дека имаме целосна контрола, но потоа Рома одеднаш се извлече и нападна. Сепак, ова е голема победа за нас и самоуверени одиме на реваншот во Италија“, изјави Хендерсон.

Се вчитува...