Хендерсон уште пет години во Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Тој ќе остане на „Енфилд роуд“ до 2023 година. Англискиот репрезентативец стави потпис на новата соработка со „црвените“.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор со клубот. Нема друго место на светот, друг стадион, каде би имал поголема желба да играм од „Енфилд“. Сакам да останам што е можно подолго“, изјави Хендерсон.

Тој пристигна во Ливерпул од редовите на Сандерленд во 2011 година и досега има одиграно 283 натпревари за клубот, и постигнато 24 гола.

Се вчитува...