Хендикепирани во Швајцарија: Без Дејан Манасков!

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Швајцарија пред утрешниот натпревар (18:30 часот) од квалификациите за ЕП, но дополнително хендикепирана без еден од најдобрите ракометари Дејан Манасков.

Левото крило остана во Скопје поради неможноста во Швајцарија на време да направи тест на Ковид-19 како потоа би можел да се врати во Унгарија. Согласно унгарските протоколи, Манасков за враќање во земјата мора да приложи негативен тест. Со оглед на тоа што остана без можност тоа да го направи во Швајцарија, мораше да остане во Македонија пред враќањето во Унгарија.

Како што е познато, претходно отпаднаа и Марио Танкоски, Мартин Поповски и Мартин Велковски.

Се вчитува...