Ричард Хендрикс забива преку кого сака (ВИДЕО)

По два порази во втората групна фаза од Еврокупот, Гран Канарија конечно победи, а настрада уште еден шпански учесник во ова клупско натпреварување, Мурсија. Ричард Хендрикс и Бо Мекејлеб, двајцата поранешни македонски репрезентативци имаа двоцифрен учинок (13 односно 10 поени), но една конкретна акција му го донесе признанието за најдобар потег на колото на Хендрикс.

Американецот со македонски пасош чекаше топка од своите соиграчи и кога конечно ја доби не ги гледаше препреките пред него за да ја достави каде што требаше. Хендрикс атрактивно ја заби топката преку капитенот на противничкиот тим, Хозе Антело кој ја загуби рамнотежата.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/ba7328ab2473c284e070f2db9c2dc8fb.mp4″]

Се вчитува...