Хенес бесен на Тер Штеген, фудбалската федерација на Германија и медиумите

Расправата меѓу Мануел Нојер и Марк Андре тер Штеген го разбесни претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес. Поточно го разбесни ставот на одделни медиуми кон Мануел Нојер. Хенес ги критикуваше Тер Штеген, фудбалската федерација на Германија и медиумите.

„Тоа е смешно. Мислам дека не е најдобар начин на кој минхенските медиуми пристапија кон целата ситуација. Медиумите во западниот дел од нашата земја максимално го поддржуваат Тер Штеген, како да освоил 17 титули на Светските првенства. Тер Штеген не е претплатен да биде голман на Германија. На голманите им е потешко бидејќи не можат да се менуваат како играчите. Сепак, мора да има хиерархија. И мора јасно да се каже дека Нојер е број 1“, изјави Хенес. 

Тер Штеген во вторникот ја спаси Барселона од сигурен позар против Борусија Дортмунд, откако успеа да одбрани пенал и неколку стоотстотни шанси на германскиот тим.

Се вчитува...