Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, има сезона за паметење во БиХ, одличниот лев бек стигна до титулата со екипата на Борац Бања Лука, а денеска стигна и до индивидуално признание.
Имено, Фудбалската Федерација на БиХ го објави идеалниот тим на сезоната во овој шампионат, по гласањето во кое учествуваа сите играчи и тренери од оваа елига. Во него, за најдобар лев бек во лигата на БиХ беше избран токму Херера, кој во македонскиот шампионат играше неколку одлични сезони во дресот на Работнички и Брегалница.
Во идеалниот тим на БиХ се најдоа: Хаџикиќ, Квржиќ, Херера, Хркач, Баришиќ, Благајиќ, Буљубашиќ, Вуковиќ, Гулијашвили,Видиќ и Билбија.
За најдобар фудбалер на лигата е избран репрезентативецот на БиХ и најдобриот стрелец на овој шампионат, Немања Билбија од редовите на Зрињски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА