Хероина на 16 години: Како Милица Николиќ донесе огромна победа на Македонија (видео)

Македонија забележа фантастична победа на гостувањето против БиХ, прв триумф за нашата сениорска кошаркарска репрезентација по неколку години во кои беа бележани само порази. Заслужено, огромна беше радоста кај „црвено-жолтите“ по овој голем триумф, а задоволството е уште поголемо ако се знае дека победата ја забележавме благодарение на 16-годишната Милица Николиќ.

Една од најмладите во нашиот состав, доби шанса во завршната минута и својот прв удар кон противничкиот кош мајсторски, со лева рака го погоди со помош на таблата. Секоја чест на младата кошаркарка, но и на селекторот Ашаданов, кој во клучните моменти и укажа доверба на Николиќ, која максимално му возврати.

Погледнете ја клучната акција за победа на Македонија…

Се вчитува...