Хероите на #СекојКилометарЗначи го посетија СОС Детско село

На 7-ми октомври 2018 година заврши една уникатна приказна. Skopje Run 10K финишираше со рекорден број на учесници и кампања која поттикна зголемување на филантропијата во Македонија. Тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.

Преку #СекојКилометарЗначи заинтересираните можеа да купат километри во име на некој од амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов. Благодарение на нив, луѓето значително ги зголемија своите чекори за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село.

Од големо значење беше и тркачката заедница која во свое име купуваше километри за себе или за некој од амбасадорите. Тие ја покажаа својата хуманост и за време на самото експо и трката.

#СекојКилометарЗначи се реализираше на неколку нивоа. Покрај километрите, се донираше и со купување на dry – fit маици и директно за време на трката и експото. Целата кампања успеа да обезбеди 60.314 денари. Ова е доказ дека со нови и свежи идеи може да се помести границата на конвенционалното и дека луѓето во Македонија имаат големо срце чие биење е резервирано за оние на кои им е потребна помош.

Успехот на #СекојКилометарЗначи се должи на одличната соработка помеѓу Сојузот на спортови на Град Скопје, СОС Детското село и поддршката од познатите.

Се вчитува...