Катар стигна до првиот бод на светските шампионати, можеби Куки беше стрелец на израмнувачкиот погодок во судиското продолжение, но херој на Катарците на овој премиерен дуел од СП 2026 беше голманот Махмуд Абунада.
Чуварот на мрежата на Ал Рајан бранеше фантастично, единствениот погодок го прими од пенал, но потоа имаше низа извонредни интервенции со кои спречи Швајцарците да постигнат втор гол и да го решат прашањето на победникот. Се здоби со незгоден удар при пеналот, прими гол од белата точка, но потоа бранеше перфектно до последниот судиски свиреж.
Oдбранетите зицери ги фрустрираа противниците, а му дадоа шанса на Катар да остане во мечот до самиот крај, за во судиското продолжение да стигне и до огромен бод против фаворитот за првото место во групата.
Махмуд Абунада – херој на третиот натпреварувачки ден на СП 2026.
🚨🇶🇦 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: Mahmud Abunada was named Man of the Match vs Switzerland. 🧤✨ pic.twitter.com/roX7yShMoc
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) June 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
