Херој на денот – Раул Хименез се врати на фудбалските терени по пауза од девет месеци (ФОТО)

Раул Хименез е херојот на денот откако денеска по пауза од девет месеци се врати на терените и одигра 34 минути во поразот на неговиот Вулверхемптон од Кру со минимални 1-0.

За потсетување фудбалерот на Вулверхемптон во ноември минатата година по дуелот со Давид Луиз на натпреварот против Арсенал се здоби со тешка повреда на главата при што мораа да интервенираат медицинските лица од двете екипи, а потоа беше и префрлен во болница каде му претстоеше операција на черепот.

Сепак, целата приказна за среќа заврши добро и Раул Хименез по девет месеци повторно го видовме на фудбалските терени.

 

Се вчитува...