Херојката на УС Опен: Само еден збор ми е на ум – магично, никогаш не се откажувајте од сништата

Лејла Фернандез живее бајка на УС Опен. 19-годишната Канаѓанка изминатата вечер се пласираше на УС Опен откако ја продолжи низата на победи на фаворитките, совладувајќи ја Сабаленка со 2-1.

Претходно Фернандез славеше и над Осака, Кербер, Свитолина па не го криеше задоволството и изјави дека за неа ова е магично.

„Мислам дека постигнав нешто неверојатно. Не знам. Единствениот збор кој ми е на ум е магично. Можеби тоа најдобро го опишува тоа што го направив и како играм. Едноставно се забавувам и се обидувам да направам нешто и за навивачите за и нив да им биде забавно. Мило ми е што уживаат во тоа што го правам на теренот. Едноставно уживам. Ајде да кажеме дека е магично“, изјави младата тенисерка.

И покрај тоа што сега со живее својот сон, не сите имале доверба во неа, а тоа е само мотив повеќе за младата Канаѓанка.

„Ми говореа дека никогаш нема да станам професионала тенисерка и да се посветам на школото. Се сеќавам на зборовите на мојата наставничка која ми рече да прекинам да тренирам тенис, дека никогаш нема да бидам фактор во овој спорт и да се посветам на училиштето. Секој ден ми се врти тоа во глава и тоа ме поттикнува да продолжам да се борам за моите сништа“, додаде Фернандез.

Се вчитува...