Херојот Барди: Цела сезона се мачевме, но ја заслуживме оваа радост

Енис Барди не го криеше воодушевувањето по големата победа во Џирона и освојувањето на трите бода со кои Леванте на едно коло до крајот го обезбеди опстанокот во Примера дивизион. Токму македонскиот ас беше стрелец на голот за победа, за огромна радост на фудбалерите на Леванте и нивните навивачи во самиот финиш од незгодното гостување.

„Пресреќни сме, и тоа со право. Цела година патевме, се мачевме… знаевме дека сме доволно добри за да останеме во лигата, но имавме серија на несреќни резултати. Затоа и денеска ја заслуживме оваа радост, одигравме добар меч, се вративме откако губевме со 1-0 и заслужено победивме. Пресреќен сум за постигнатиот гол, но тоа е најмалку важно во моментов, најзначајно е што остануваме во првата лига. Оваа радост е заслужена, на целиот тим и на навивачите кои секаде ни даваа поддршка“ – истакна Барди веднаш по мечот со Џирона.

Барди и соиграчите во последното коло ќе го пречекаат Атлетико Мадрид во меч кој ќе нема посериозно значење. Атлетико секако ќе ја заврши сезоната на второто место, додека Леванте го обезбеди опстанокот.

Се вчитува...