Борко Ристовски ја имаше улогата на херој на денешниот натпревар против Алборг, на кој со 16 интервенции го трасираше патот до втората овосезонска победа во Лигата на Шампионите.
Искусниот голман влезе на средина од првото полувреме и овозможи камбек на „црвено-црните“ по негатива од четири гола, за конечен триумф од 30-28.
„Јас и претходно имам кажано, не е важно колку одбрани имам, за мене е најважно што победивме. Сите сме тука за Вардар да победува, на претходните средби Томовски беше неверојатен, тој е млад голман и пред него се уште многу вакви натпревари. Албборг е извонредно подготвена екипа на технички и тактички план, мора да сме задоволни што ја поедивме. Кога се ќе се собере и одземе, ова е убав почеток на сезоната, но не треба да се залетуваме, одиме чекор по чекор понатаму“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА