Херојот на Борусија Дортмунд нема да игра за Германија на ЕВРО 2024

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман в четврток ќе го објави конечниот список на патници за ЕВРО 2024, но на него ќе нема место за Матс Хумелс.

Искусниот дефанзивец е блиску до завршување на кариерата, но со извонредните игри за Борусија Дортмунд покажа дека се уште може да настапува на високо ниво. Впрочем, тој ја одведе Борусија до финалето од Лигата на Шампионите, но Нагелсман сепак реши да не смета на овој квалитетен фудбалер на претстојниот европски шампионат.

Неколку германски медиуми денеска ја пренесоа информацијата дека Хумелс нема да биде на конечниот список на селекторот, кој реши предност да им даде на неговиот тимски соиграч Шлотербек и на Тах од шампионот Баер Леверкузен.

Покрај Тухел, на списокот на селекторот ќе го нема ниту Леон Горецка, кој не беше повикан ниту за последните контролни средби на германскиот национален состав, а не е стандарден ниту во тимот на Баерн Минхен.

Се вчитува...