Херојот на Хрватска од последното ЕП се сели во Германија

Хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ, би требало во следните денови да стане дел од германски Гумерсбах. Голманот кој бранеше одлично на последното ЕП кое се одржа токму во Германија, и на квалификациите за Олимписките игри, не остане незабележан од страна на големите клубови, па сега му следува првиот голем трансфер.

Кузмановиќ токму против Германија на ЕП беше најдобар играч на натпреварот, и имаше 48% од одбранети удари, носејќи му на својот национален тим победа во тој меч.

Сето тоа го забележале скаутите на Гумерсбах, кои сега го ангажираат хрватскиот голман, кој во моментов е дел од Нексе. Исто така во екипата треба да дојде и францускиот репрезентативец, Кентин Мае.

Се вчитува...