Херојот на Нант – Кире Лазаров: Имав напорна сезона, пресреќен сум што вака ја крунисувам!

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров е херојот на Нант за пласманот во финалето на Ф4 турнирот во Келн.

Повеќе од скромно нашиот Лазаров во изјава по мечот потенцираше дека заслугата за овој голем подвиг е на сите ракометари на Нант, иако е јасно дека со осум постигнати гола на денешниот дуел Македонецот предводеше, притоа стигнувајќи и до бројката од 59 гола што е рекорд за еден ракометар на Ф4 турнирите од ЛШ

„Не знам што да кажам, ова е навистина феноменално… Верувавме во победата иако игравме против реално подобар тим. Дури 80% од тимот на Нант со солзи ја дочекаа оваа победа затоа што за нив ова е и прво едно вакво учество на Ф4. Јас лично имав напорна сезона зад себе, играв и повреден, но собрав сили за еден вака значаен натпревар. Секако пресреќен сум што една таква сезона се крунисува на овој начин. Сигурно сега треба да уживаме малку по една ваква победа, но приказната не завршува тука… Утре не чека финале и мора да одиграме на исто ниво“ – ни изјави Лазаров веднаш по големата победа над ПСЖ во полуфиналето на Ф4 во Келн.

Се вчитува...