Херојот на „пелистерци“: Сите сме заслужни за победата, одигравме перфектен меч

Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето против Мотор во Дизелдорф, уште еден џиновски чекор на битолскиот клуб во борбата за нов пласман во нокаут фазата од ЕХФ Лигата на Европа.

Херојот на „пелистерци“, Данецот, Себастијан Хенеберг кој мечот го заврши со 14 гола вели дека одиграле перфектен меч…

„Минав неколку тешки недели, бев уморен на крајот, но ја исполнивме целта. Дадовме што имавме во себе и одигравме скоро перфектен натпревар. Одигравме перфектна одбрана во одлучувачките моменти, сите си помагавме, голманите имаа клучните одбрани во одлучувачките моменти. Бевме концентрирани и заслужено се радувавме“, изјави Хенеберг.

Се вчитува...