Херојот на Реал Мадрид игра за „ситно“, заработува 10 пати помалку од Крос

Пред две години од трибините го бодреше Реал Мадрид во ЛШ во Париз, кога неговиот омилен тим го совлада Ливерпул, а сега го однесе тимот до најважниот меч во сезоната. Хоселу, голгетерот на „кралевите“ кој дојде на мала врата во Реал, е новиот херој на шпанскиот тим, откако со два гола го одвете тимот во финалето во ЛШ.

Шпанецот стигна лани на едногодишна позајмица од Еспањол, а во оваа сезона постигна неколку важни голови, но двата кои ги постигна против Баерн не може да се споредат со другите.

Тоа е играч кој го сака Реал Мадрид повеќе од парите. Неговата објава од 2012 годна како бара линк за да ги гледа „кралевите“, доволно годовир за неговата љубов. Интересно е тоа што Хоселу игра за мали пари. Тој заработува 48.000 евра за една недела, што е многу помалку од другите.

Просечната плата на ѕвездите е 400.000 евра седмично, а најплатен е Тони Крос кој има бруто плата од 468.846 евра неделно. Гледајќи ги индивидуално, тој има најмала плата. После него е голманот Андреј Лунин кој заработува 54.000 евра неделно. Останува да се види каква одлука ќе донесе клубот во врска со него.

Се вчитува...