Херојот на „сините“, Хаверц: „Цели 15 години напорно работев за овој момент!“

Челси дојде до втората европска шампионска титула во клупската историја со триумфот од 1-0 против Манчестер сити во годинашното англиско финале во Лигата на шампионите.

Херој на „сините“ е Хаверц кој го постигна единствениот погодок во 42. минута од средбата.

„Ова е неверојатно чувство. Чекав долго време и сега успеав. Работев напорно цели 15 години за овој момент. Пресреќен сум“ – истакна Хаверц по мечот.

Стрелецот на голот доби и пофалби од Аспликуета.

„Го заслужи ова. Имаше тешка сезона, но неговиот менталитет е врвен. Ќе биде ѕвезда, а всушност веќе е ѕвезда. Ја освои Лигата на шампионите“ – истакна капитенот на Челси.

Се вчитува...