Херојот на „вардарци“ од лани – Иван Чупиќ: Немам ништо против, нека се повтори 2017!

„Вардарци“ во хотелот Радисон Блу во Келн, на средба со медиумите пред утрешниот старт на Ф4 турнирот во Келн! Во повеќе од видлово позитивно расположение, секогаш со силна мотивација пред клучните натпревари и со огромна самодоверба во себе. Како што доликува…

Херојот на Вардар од минатогодишното финале Иван Чупиќ верува дека Вардар повторно ќе пружи квалитетен ракомет на задоволство на сите љубители на спортот од Европа. А, нема ништо против да се повтори минатата година…

„Па, секако немам ништо против да се повтори 2017 година. Ма, нека не бидам стрелец јас на тој последен гол, но само нека ние стигнеме повторно до трофејот“ – вели Чупиќ, веднаш дополнувајќи:

„Но, да бидеме реални, знаеме дека секогаш е потешко да се одбрани нешто отколку да се освои. Има време да размислуваме за финалето, најпрво треба да го минеме полуфиналниот напревар“.

Што се однесува токму до утрешната полуфинална пресметка со Монпелје…

„Ќе биде тежок дуел, затоа што сите се дојдени тука со свои цели. Ја анализиравме добро таа нивна игра, мислам дека во играта на 6 на 6 ќе бидеме поуспешни, справувајќи се соодветно. Победата е наш императив и секако ќе направиме се за да стигнеме до неа“ – вели Чупиќ.

Се вчитува...