ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Македонија ќе биде ослабена за утрешниот квалификациски дуел во Рим против Италија, откако Александар Трајковски ја загуби трката со времето и не успеа да се рехабилитира навреме од повредата за да може да настапи на „Олимпико“.
Трајковски заработи повреда на мускулот при настапите за Хајдук, од лекарскиот тим се надеваа дека тој ќе може да помогне во Рим, но рехабилитацијата не се одвиваше со посакуваната брзина, па беше одлучено дека негов настап утревечер ќе биде преголем ризик од уште посериозна повреда.
Токму Трајковски беше херојот на Македонија на последното гостување на Апенинскиот полуостров, кога токму овој фудбалер го постигна победничкиот гол во Палермо, во баражот за пласман на СП 2022.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА