Херојот Павков: Сонував за гол против Ливерпул, а дадов два

Милан Павков е играчот чие име ќе остане запишано во историјата на Црвена звезда како голгетерот кој го „закопа“ Ливерпул во оваа ноемвриска ноќ во Белград. Станува збор за играч кој до пред неколку години настапуваше за Нови Сад и за Младост Бачки петрол во третата лига на Србија, но со напорна работа обезбеди трансфер во Црвена звезда, а сега го одбележа триумфот над петкратниот европски првак.

„Секако дека сум пресеќен. И пред натпреварот реков дека сонувам да постигнам гол на еден натпревар, дадов два и не можам да го опишам чувството. При вториот премногу мислев, бев и изненаден што ми се остави простор и само шутнав најдобро што можев. Пресреќен сум, за себе, за Црвена звезда и за сите наши верни навивачи“ – истакна Павков по натпреварот.

Црвена звезда во следната рунда од Лигата на шампионите ќе му гостува на Наполи, тим со кој ремизираше 0-0 во првото коло во Белград.

Се вчитува...