Херојот Цветаноски: Вардар не е многу поквалитетен од Победа

Напаѓачот на Победа, Дејан Цветаноски, ја имаше улогата на херој на дуелот со Вардар, откако со два гола во второто полувреме донесе целосен пресврт и огромни три бода за прилепскиот прволигаш. Со овој настап, Цветаноски уште еднаш ги потврди своите квалитети против актуелниот шампион, за кого голгетерот смета дека и покрај реномето сепак не е многу поквалитетен состав од Победа.

Задоволен сум и радосен за победата и големите три бода. Лошо одигравме во првото полувреме. Но, во вториот дел видовме и сами се уверивме дека можеме да се носиме со противникот. Се свестивме, тргнавме офанзивно на се или ништо и тоа ни се исплатеше. Вардар не е нешто многу поквалитетен од нас. Одигравме како што треба и по несреќниот пораз во Скопје денес успеавме да се реваншираме со иста мерка. Задоволен сум од мојата игра и среќен за головите. Им честитам на сите мои соиграчи за одличното второ полувреме и на заслужената победа“ – изјави Цветаноски по големиот триумф.

Победа со овој голем триумф го скокна Шкупи на табелата и се искачи на седмата позиција.

Се вчитува...