Херта „фуриозно“ против Унион во „Дербито на Берлин“ (ВИДЕО)

Херта го декласираше Унион во дербито на Берлин со 4-0, како увертира на 27. коло во германската Бундеслига. Херта беше подобар противник уште во првото полувреме, но не успеа да ги искористи шансите по што на пауза се замина со најнепопуларниот резултат 0-0.

Фуриозниот старт на вториот дел на Херта беше клучен во натпреварот. Водство за домаќините донесе Ведад Ибишевиќ во 51. минута, а само една минута подоцна Лукебакио го удвои водството. По само десет минути преку Куња Херта поведе со 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Бојата во 77. минута.

Со оваа победа Херта се искачи на 10. позиција на првенствената табела со 34 освоени бодови, додека Унион останува дванаесеттопласиран со 30 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...