Херта го кани Ибрахимовиќ: Немаме пари, но можеш да ја освоиш Бундес-лигата

Златан Ибрахимовиќ на крајот од овој месец станува слободен играч откако и официјално беше објавено дека тој нема да го продолжи актуелниот договор со Манчестер јунајтед. Иако е повреден, до шведскиот ас стигнуваат бројни понуди, но најоригинална и најискрена дефинитивно е онаа од Херта.

Берлинскиот клуб е свесен дека воопшто не е финансиски моќен за да се носи со останатите екипи кои се заинтересирани за Ибракадабра, но сепак преку својот официјален твитер-профил испрати отворена покана до еден од најдобрите голгетери на денешницата.

Без договор во Манчестер јунајтед, имаме извонредни навивачи, но се уште сме без пари: СЕПАК, МОЖЕШ ДА ЈА ОСВОИШ БУНДЕС-ЛИГАТА ЗА ПРВ ПАТ. РАЗМИСЛИ ЗА ТОА“ – му порачаа челниците на Херта на Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...