Херта го купува Пјонтек за 27 милиони евра

Германскиот бундеслигаш Херта одлучи да го купи полскиот интернационалец Кжиштоф Пјонтек од Милан. Тимот од Берлин ќе плати 27 милиони евра, плус дополнителни 3 милиони евра условите со успеси на Полјакот во новиот клуб.

Тренерот на Херта, Јирген Клинсман, смета дека Пјонтек ќе биде големо засилување за неговиот тим и побара од раководството да го доведе во последните денови од зимскиот преоден рок. Двата клуба ги усогласија деталите, останува Пјонтек да пристигне во Берлин на медицински прегледи, а потоа и да потпише договор со Херта.

Тотенхем исто така покажа заинтересираност за полскиот напаѓач, но сакаше да го доведе на шестмесечна позајмица што не му одговараше на Милан.

Се вчитува...