Херта го посакува Чурлинов, тој дефинитивно сака враќање во Шалке

Иако тренира со Штутгарт и постигна гол на последниот пријателски меч, Дарко Чурлинов не е со мислите во тимот. Барем така најавуваат дел од германските медиуми, кои пишуваат дека Чурлинов уште еднаш повторил како сака да се врати во Шалке.

Во меѓувреме ситгна и информацијата дека и Херта се интересира за офанзивниот играч на македонската репрезентација и сака да го види во своите редови, и дека е подготвена да ја плати сумата која ја бара Штутгарт за неговите услуги.

Чурлинов минатата сезона ја мина како позајмен во Шалке, клуб кој очигледно му „легна на срце“ и сега сака таму. Но, двете страни не може да се договорат околу сумата за обесштетување. Цената од 3 милиони кои Штутгарт ја бара е превисока за Шалке.

Сепак, на крајот може да дојде до договор, со оглед на преголемиот број на играчи кои ги има Штутгарт, па може да се „премислат“ и да го продадат во тимот од Гелзенкирхен. Последната понуда беше позајмица со задолжителен откуп од три милиони евра, но и тоа беше одбиено од Шалке.

Се вчитува...