Селекторот на Израел, Андреас Херцог максимално со почит, објективно го призна поразот на неговата селекција на крајот од квалификациите за ЕП 2020, истакнувајќи дека Македонија била подобар противник сосема заслужено стигнувајќи до трите бода.
„Македонија заслужено победи, создаде повеќе шанси, постигна погодок и на крајот заслужено се радуваше. Ние не бевме на посакуваното ниво. Мислам дека овој тим може многу повеќе, не само на овој натпревар но можеше многу повеќе и низ целите квалификации“ – истакна Херцог на прес-конференцијата по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА