Херцог: Ремито, на крај, е можеби и реално…

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Селекторот на Израел, Енди Херцог смета дека неговата репрезентација била подобар противник на теренот во квалификацискиот натпревар против Македонија, но на крај може и да бидат среќни со промашената шанса на Елиф Елмас и освоениот бод од пресметката во Бер Шева…

„Бевме подобар противник, но мора да кажам дека воопшто не беше лесен натпревар. Постигнавме водечки погодок, но Македонија брзо израмни. Мора да бидеме искрени, на крајот имаа одлична шанса за победа и тоа ќе беше трагедија за нас. На крајот, ремито е можеби и добро но ќе треба да украдеме некој бод повеќе од гостувањата ако сакаме да останеме во игра за пласман на Европско првенство“ – истакна Херцог.

Се вчитува...