Шпанскиот интернационалец Хесе Родригез се врати во родната земја и ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Бетис. Тој ќе биде позајмен од ПСЖ во наредните шест месеци, со опција за комплетно откупување на договорот по завршувањето на сезоната.
Хесе во 2016 година од Реал Мадрид направи трансфер во Пари Сен Жермен, но не успеа да се наметне, па потоа одеше на позајмица во Лас Палмас и во Стоук.
Во Бетис има уште еден позајмен играч од ПСЖ, Џовани Ло Селсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА