Хет-трик на Азар – максималниот ефект на Челси, победи и на Сити и Арсенал

Челси продолжува со максималниот ефект на стартот од новата сезона во Премиер лигата, славејќи со 4-1 против Кардиф во 5. коло.

„Сините“ дојдоа и до петтата победа во петтиот свој меч, благодарение на двата гола на Еден Азар во првиот дел. Откако Кардиф поведе преку Бамба во 16. минута, потоа на сцена стапи Азар и со головите во 37. и во 42. минута донесе целосен пресврт.



Во второто полувреме Азар погоди и од пенал во 80. минута постигнувајќи хет-трик на мечот, а конечните 4-1 ги постави Вилијан во 83. минута.


Победи запишаа и Манчестер сити кој славеше со 3-0 против Фулам со головите на Сане, Силва и Стирлинг.

Арсенал дојде до триумф од 1-2 на гостувањето против Њукасл со головите на Џака и Озил.

РЕЗУЛТАТИ – 5. КОЛО

Бурнмаут – Лестер 4-1

Хадерсфил – Кристал Палас 0-1

Челси – Кардиф 4-1

Манчестер сити – Фулам 3-0

Њукасл – Арсенал 1-2

Тотенхем – Ливерпул 1-2

Ватфорд – Манчестер јунајтед (18:30 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...