Хет-трик на Балдовалиев, Беласица убедлива против Крупа

Беласица со убедлива победа од 4-1 против босанскиот прволигаш ФК Крупа ги стартуваше пријателските натпревар за време на своите подготовки на Златибор.

Струмичани одиграа одличен меч во кој хет-трик запиша Зоран Балдовалиев а четвртиот гол беше дело на Апостоловски.

Беласица го одигра третиот тест дуел ова лето. Пред заминувањето за Златибор славеше и против Македонија ЃП со 2-1, а загуби од прилепска Победа (0-1).

Се вчитува...