Хет-трик на Меси, „петарда“ од Барселона за Барди и Леванте… (ВИДЕО)

Убедлива победа на Барселона од 0-5 на гостувањето против Леванте во Валенсија, во 16. коло од шпанската Ла Лига.

Лионел Меси и друштво му одржаа лекција на Леванте сосема заслужено стигнувајќи до триумф во натпреварот во кој аргентинскиот ас запиша хет-трик дополнет и со мајсторска асистенција.

Меси извонредно асистираше во 35. минута за Луис Суарез за водство на Барселона од 0-1.

А, потоа следеа три погодоци на Аргентинецот во 43. минута, во 47. минута и во 60. минута за конечни 0-4. З



За да конечните 0-5 ги заокружи Пике го голот во 88. минута од средбата….

Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте, со една убава можност во 57. минута да го загрози голот на Барселона, но гостинскиот голман на извонреден начин го одбрани неговиот шут од полудистанца.

Барселона, по овој триумф, со 34 бода повторно е на врвот од табелата, со три бода повеќе од Севилја и Атлетико Мадрид, додека Леванте остана на осмата позиција со 22 бода.

Се вчитува...